Автомобил удри во старец во Скопје

Седумдесет годишен старец од Скопје е тешко повреден откако во него удрил автомобил „Сеат“.

Несреќата се случила на крстосницата од улица „Александар Урдаревски“ со улица „Душко Поповиќ“ во Скопје, а со возилото управувал 46-годишен скопјанец.

Притоа, повредениот старец бил однесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.