Автомобил ја пробил оградата, излетал и се забил во куќа - тешко повредена жена во Скопје

Во 06,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот “Мајка Тереза“ пред подвозникот за селото Љубин, патничко моторно возило “Пежо 206“ со српски национални ознаки, управувано од 36-годишата М.Т. од Скопје, удрило во ограда од автопатот, а по ударот излетало надвор од коловозот и удрило во куќа.

Во незгодата со повреди се здобила М.Т. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.