Автомобил излета од патот и падна во река кај кичевско Колари, има еден загинат

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера откако автомобил излета од патот и падна во река на патот од Кичево кон Стража кај селото Колари.

Како што пренесуваат медиумите најверојатно загинало едно лице. Од она што може да се види од снимките кои се појавија во јавноста се забележува смачканиот автомобил во реката. На видеото се гледа дека на лице место се екипи на пожарна, брза помош и полиција.

Не се јасни причините за несреќата и се очекува во текот на денот да има повеќе информации од страна на МВР за тоа како дошло до оваа трагедија.