Автокоманда и Ќерамидница без вода поради дефект

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека на ден 06.05.2023 година (сабота) е регистриран уличен дефект од ф - 600 мм на ул. Кеј Димитар Влахов пред МРТВ

-Поради дефектот во периодот од 09.00 часот па сè до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од населбите Ќерамидница и Автокоманда, информираат од претпријатието.