Ауди излета од пат во скопско, возачот тешко повреден

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 23:10 часот на локалниот пат село Миладиновци-село Мралино, скопско.

Како што информираат од полицијата, „Ауди А3“ со скопски регистерски таблици управувано од  Е.Б. (60) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело на кров.

-Е.Б. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот бил задржан на понатамошно лекување, велат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.