Aстрологот Ивица Трповски: 2023 година носи помалку пречки и повеќе хармонија помеѓу планетите

Доаѓањето на новата година, за сите носи надеж за нови почетоци, поставување нови цели и размислување за старите, како и можност да ги вратиме работите на вистинскиот пат. Токму затоа некако со почетокот на новата година секој од нас сака да има увид што ќе донесе новата година за него. 

Астрологот Ивица Трповски кој во неколку наврати зборуваше за актуелни астролошки теми, денес вели дека за разлика од 2022 година, 2023 година носи помалку пречки и повеќе хармонија меѓу планетите со оглед да Јупитер и Сатурн заедно оваа година, кон средината на годината ќе донесат напредок за секој знак посебно.

„Во комбинација со лунарниот северен јазол на судбината што се движи кон Овен, карактеристично за 2023 година ќе биде дека истата севкупно ќе отвори нови патеки кои промовираат целосно изразување на автентичноста. Оваа атмосфера ќе биде особено силна кога Плутон, планетата на моќта, ќе влезе во Водолија помеѓу март и јуни“, открива Ивица. 

Ова се најважните астролошки настани за оваа година:

Завршува ретрограден Меркур (18 Јануари, 2023)

Новата 2023 година, од астролошки аспект започнува со ретрограден Меркур чие движење стартува од 29 Декември 2022 и ќе трае до 18 Јануари 2023. Ретроградното движење на комуникациската планета Меркур, може да донесе несигурност во однос на нашите цели за 2023 година, поради што најдобро би било овој период да го искористиме за да размислиме за лекциите кои ги научивме во 2022 година, додека поставувањето на цели и резолуции за тоа каде сакаме да бидеме во 2023 година да го оставиме за после 18 Јануари.

Завршува ретрограден Марс (12 Јануари, 2023)

Освен Меркур, 2023 година исто така започнува и додека Марс се движи ретроградно, кој започна да се движи ретроградно на 30 Октомври во Близнаци и ќе трае до 12 Јануари. Ова повторно значи дека целите за новата година ќе имаат спор почеток, со оглед да енергичната планета Марс, која дава енергија е во ретгорадно движење.

Марс е планетата што ја поврзуваме со конфронтација. Како што завршува неговата ретроградност, размислете што ве фрустрирало, што ви направило нетрпеливост или било каква агресија околу комуникација. Бесот е непријатно чувство за многумина, но открива до каде се нашите граници.

Марс ќе остане во Близнаци до 25 март. Тоа се вкупно седум месеци, долго време за планета која обично поминува по два месеци во секој знак. Ова движење на Марс, позната како планета на акција, ќе се рефлектира на сето она што ви предизвикува агресија.

Лунарните јазли влегуваат во Овен и Вага

Приближно секоја и пол година, лунарните јазли на судбината се ретроградни во различен сет на знаци на истата оска. Оваа година, тие ќе влезат во знаците Овен и Вага на 17 јули 2023 до 11 јануари 2025 година. Северниот јазол на судбината во Овен и јужниот јазол на судбината во Вага ќе не натера да ги прифатиме нашите страсти во животот и да ги споделиме нашите победи со оние што ги сакааме.

Во 2023 година ќе бидеме сведоци на последните затемнувања кај знаците Бик и Шкорпија и првите затемнувања во Овен и Вага. Овие настани ќе придонесат да се префрли фокусот на меѓучовечки односи. Екстремниот личен интерес ќе се сретне со мечот на правдата додека се обидуваме да најдеме среден пат помеѓу индивидуалноста и односот кон другите.

Венера ретроградна во Лав

На 13 Август Сонцето се сретнува со Венера, астролошки настан познат и како Ѕвездена Точка. Иако Венера, во тој период ќе се движи ретроградно (од 22 јули до 3 септември во Лав), сепак ова ќе биде прекрасно време за манифестирање љубов, пари и романса. Ретроградното движење од друга страна ќе ни покаже да се грижиме како за другите, така и за себе - чувство кое е од суштинско значење за одржување на нашата лична среќа. Влегувањето на Венера во Лав- знак поврзан со креативноста, самоизразувањето и талентот, може да доведе во овој период вообичаената инспирција и виталност да не функционираат.

Јупитер влегува во Бик

Експанзивниот и среќен Јупитер влегува во Бик на 16 мај и останува во фиксниот земјен знак до 24 мај 2024 година. Ова движење на Јупитер во Бик ќе донесе година на декаденција, исполнета со културни настани, експанзија на уметностите и културна ренесанса.

Сатурн влегува во Риби

Сатурн е планета која ја поврзуваме со дисциплина, посветеност и отпор. После поминати 2.5 години на Сатурн во својот дом-Водолија, 2023 е година за промена, каде својот дом во Водолија, Сатурн го  заменува со Риби на 7ми Март. Кармичката планета, Сатурн, во Риби ќе остане приближно две и пол години. Престојот на  Сатурн во Риби носи практичен идеализам за животот, иако може одвреме-навреме да не  однесе во светот на фантазијата.

Во изминатите шест години, Сатурн патувал низ двата знака со кои владее - Јарец (од крајот на 2017 до 2020 година) и Водолија (2020 до 2023 година). За време на овој поериод, планетата на границите го правеше она што го прави најдобро поставување правила и ограничувања. За разлика од тоа со влегувањето на Сатурн во Риби, поставувањето на граници ќе биде малку поразлично. Рибите се прилагодливи, како водата, и токму поради тоа влијанието на Сатурн во овој знак ќе доведе до  поеластична и флуидна средина, односно ќе има повеќе простор за промени и приспособливост.