Арсовска со божиќна честитка: Мир Божји, Христос се роди!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка по повод Божиќ. 

-На граѓаните од православна вероисповед кои го слават големиот христијански празник Божиќ според Јулијанскиот календар, им посакувам среќни божиќни празници и денови на среќа, радост и спокој. Мир Божји, Христос се роди, напиша Арсовска на својот официјален фејсбук профил. 

Инаку, Арсовска вчера, на Бадник, го посети Пунктот и прифатилиштето за бездомни лица кај Момин Поток, заедно со тимот на Црвен Крст Скопје каде порача дека Скопје дополнително ќе обезбеди и топли оброци за лицата корисници на пунктот низ целата година, а ќе се вложи напор процесот на ресоцијализација да биде успешен за овие лица. 

Арсовска, вчера, беше дел и од прославата на Бадник во Соборниот храм „Свети Килмент Охридски“ во Скопје, која годинава се одбележа по јубилеен 30-ти пат.