Арсовска по најавите за тужба: Зошто додека гори Универзална сала, сопственикот на градежната фирма е толку насмеан?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во видео објавено на нејзиниот Фејсбук прашува зошто сопственикот на фирмата која ја гради Универзална сала е насмеан додека дава интервју. Притоа таа посочува дека тоа видео треба да се изгледа за на граѓаните да им стане јасно за некои работи.

„Прашањето е зошто додека гори Универзална сала, “власникот” на фирмата што гради е толку насмеан?

Овој ќе ме тужел дека му е нарушен угледот, а одговори на поставените прашања од вчера нема.

Ова е видеото што треба да го изгледате цело, за да ви биде јасно дека најверојатно ќе биде приведен и уапсен кабелот?“