Со поддршка на Град Скопје викендов се одржува меѓународниот турнир во гол бал за лица со оштетен вид, во организација на Спортското здружение на слепи и слабовидни ФЕНИКС од Скопје.
На турнирот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Во континуитет преземаме чекори кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од социолошки, образовен, културен и економски аспект. Од исклучителна важност е спортистите со телесна инвалидност да имаат можност да тренираат, да се дружат и социјализираат и да се активно дел од спортскиот живот на Скопје. Градот Скопје е поддржувач на активностите на здруженијата на лица со оштетен вид во насока на нивна интеграција, но и со цел подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост - истакна Арсовска.