Арсовска: Од исклучителна важност е спортистите со телесна инвалидност да се активен дел од спортскиот живот на Скопје

Со поддршка на Град Скопје викендов се одржува меѓународниот турнир во гол бал за лица со оштетен вид, во организација на Спортското здружение на слепи и слабовидни ФЕНИКС од Скопје.

На турнирот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. 

-Во континуитет преземаме чекори кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од социолошки, образовен, културен и економски аспект. Од исклучителна важност е спортистите со телесна инвалидност да имаат можност да тренираат, да се дружат и социјализираат и да се активно дел од спортскиот живот на Скопје. Градот Скопје е поддржувач на активностите на здруженијата на лица со оштетен вид во насока на нивна интеграција, но и со цел подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост - истакна Арсовска.