Алоооо „госпоѓооо“! Глумиш дама по скопскиве улици...

Културна,  дотерана, самоуверено чекори со високите потпетици, рај за очи сè до моментот кога не се појваи нејзината друга страна.

Си реков е ова е вистинска госпоѓа, секоја чест.... Како што си одеше, пред мене си извади од чантата пакетче  марамчиња и си отвори ново си го исчисти носот, а потоа го фрли на тротоар.

Ваков потег очигледно треба да очекуваш од оние кои се прават дека се најкултурни луѓе. Тоа е дотерана, скоцкана, но ни „Д“ од дама која глуми по скопскиве улици.

Според Законот за јавна чистота комуналните редари на прекршителите им изрекуваат налози за прекршочни казни. Казната изнесува 50 евра во денарска противвредност. Казната може да се замени со општествено полезна работа, но многу мал дел од казнетите ја прифаќаат оваа солуција.

Во прекршоците по оваа основа има фрлање хартии, догорчиња, мастики на јавни површини, уринирање на јавни површини и друг вид прекршоци што спаѓаат под Законот за јавна чистота, појаснуваат од Градот.

Работниците на ЈП "Комунална хигиена" , велат дека имаат работа преку глава.

- Еден да валка, а тројца да чистат па не се постигнува. Тоа не е невнимание, ниту пак случајност. Таквото однесување е класично невоспитување кое поединци не успеале да го стекнат дома, вели комуналецот Орхан.

Вели дека граѓаните не фрлаат само ситен смет. Редовно околу зградите собираат полни кеси со домашно ѓубре кое станарите го фрлаат од балкон или прозорец.