Алките за домашен затвор наскоро ќе бидат ставени во функција

400 електорнски алки наменети за осудениците на кои ќе им се изрече казна домашен затвор, и по три ипол години од нивната набавка остануваат вон употреба.

Опремата вредна 1,5 милиони евра, која содржи и монитори и софтвер, не може да се користи бидејќи пропадна тендерот за одржување, откако не се јавила ниту една заитересирана фирма.

Користењето на електорнските алки е според Законот за пробација, но нивното нефункционирање е една од причинита поради која судовите во нашата земја не изрекуваат казни затвор во домашни услови.

За спороведување на Законот за пробација во моментов функционираат 9 канцеларии на тероторијата на нашата земја, во кои се ангажирани 22 пробациски службеници. Првиот човек на Управата за спроведување на санкции вели дека главната цел е ресоцијализација на осудениците, со цел намалување на затворската популација.

Покрај домашен затвор, со Законот за пробација  е предвидено спроведување и на други алтернативни мерки кон осудениците, како условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и парична казна. Од стапувањето на сила, според овој закон се процесуирани вкупно шест случаи, и тоа пет во 2017 и еден минатата година. Сите се за условен отпус.