Алабаковски доби осумдневен притвор за пожарот во Битола

Пејачот Ламбе Албаковски кој е обвинет за подметнување на пожарот во културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола ќе оди во осумдневен притвор, пишува Телма.

Претходно од Обвинителството соопштија дека ќе побараат притвор за Алабаковски поради опасност тој да не ја напушти државата, бидејќи поседува и американско државјанство.

Алабаковски е осомничен за кривично дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, за подметнување пожар во кој се запали вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, информираа од Обвинителството.