Актерот Тасевски „распали“: Роди ме мајко Дарданишта и фрли ме на буниште, пардон, во Комунална

Познатиот актер Сашо Тасевски често ги коментира случувањата во Македонија. Тој реши да објави статус и за ситуацијата која се случуваше во „Комунална хигиена“.

Тасевски без „влакна на јазикот“ им порача на надлежните да направат истрага и во останатите претпријатија и министерства и да ги избркаат вработените, кои не доаѓаат на работа, а земаат плата.

- Роди ме мајко Дарданишта и фрли ме на буниште, пардон во Комунална. Еве ја шансата што им ја создаде Косана. Да шутирате пенал. Влезете сега во пошта, министерство за здравство, економија... во сите претпријатија што ги водеа ДУИ со години. Објавете ги јавно сите фамилии што ги вработувал и откази. Така прави држава која сака да,се бори против безвластието и корупцијата. Не да отворате устав, туку да ги отворите ко пупка далаверите на ДУИ. До кога ќе им се плашите? Ете видовте, Косана ем жена ем не им се исплаши. Таман ви оди во прилог што и на Американциве изгледа им доку*чија. Па почнаа да ги ставаат на црни листи. Да кукаат дека ни трошка немаме мрднато за подобрување во судството, иако фрлиле милијарди за тоа. И чудно... Архивата на кумановскиот суд одма се запали и изгоре, објави Тасевски.