Колку заработуваат македонските инфлуенсерки? Прашањето го покрена Тасевски, се огласи и Миа Костова

Актерот Сашо Тасевски го покрена прашањето „Колку заработуваат македонските инфлуенсерки“ од рекламирање на производи на социјалните мрежи. Со став на темава се јави и една од нашите најпознати инстаграмџики Миа Костова која секогаш е „без влакна на јазикот“. 

-Онаа што ми понуди 150 евра месечно да рекламирам на ФБ машки производи пошо не сум атрактивен маж, али ете луѓето ме следеле, ме натера да откријам колку ги плаќаат атрактивните инфлуенсерки со силиконски гради, со ботокси филери и до нив дилери, вели Тасевски на почетокот на својата фејсбук објава. 

Потоа даде своја проценка за тоа колку се платени. 

- За некоја од нив да постира текламно клипче на ФБ или инстаграм 500 евра. За едно клипче. Рекламирам ѓезве или тенџере или крема по депилација. Дваесет такви клипчиња во месец 10 илјади евра. Секој месец. Се продава чипс од 400 денари 150 грама и енергетски пијалок од 400 денари, пола литар, констатира тој. 

- Терајте ги вие децата да завршат факултет, машински, економски, право, уметност, да работат кај некој газда за 600, 700, 800 евра плата. Медицинска сестра, спасува животи, 400 евра плата. Што не е во ред со нас? - праша Тасевски. 

На оваа негова објава, се јави и Миа Костова со ироничен коментар. 

- Фала богу некој да израчуна. Е сеа једино што не чини у тие 10.000 евра е што не ги праиш ти. Еве поздрав од една магистрирана инфлуенсерка, напиша Миа и додаде: 

- Ама истите овие што јадат гурабии и не им чини не дај боже да изгубат куче или да им треба за лек. Тогаш сме светици. Тогаш сме племенити со големо срце под силиконите, додаде Миа. 

Таа во посебна фејсбук објава го прозва Тасевски и за неговиот актерски талент: 

- Фрустрацијата од вечито бидување тапа глумец, стенд ап комичар на кој ни најблиските не се смеат, една глума со ред солзи ред мрсули сум ја осетила во прв ред во театар, глумец кој откако стана директор на пет мин во матичната му куќа и си местеше улоги, сега му остана само да се обиде да биде инфлуенсер и да куцкара статуси пошо улога нема добиено откако ја напушти фотељата, па таа фрустрација ја лечи со статуси во кои вреѓа инфлуенсери, нешто што никогаш нема да биде, порача таа, но не му го спомна името на актерот кој ја начна темата за заработувачката на инфлуенсерките.