Ако го освоиш срцето на девојката родена во знакот Бик, никогаш повторно нема да искусиш таква љубов

Прво да кажам дека потребен е вистински маж за да сака жена родена во знакот Бик. Не може секој да се справи со нејзиниот независен дух и силно срце. Но, ако се погоди правиот маж, тој брзо ќе се заљуби во неа и тоа ќе биде најдоброто нешто што му се случило во животот. Еве и зошто...

Таа е вистинската дефиниција за Алфа жена. Тоа не значи дека таа само сака да наредува. Всушност сосема обратно. Таа верува во себе и знае што сака. Таа самоуверено носи одлуки. Цврсто верува во работите во кои верува. Таа не сака маж кој нежно ќе ги држи нејзините раце, таа сака маж кој цврсто ќе стои до неа и тие двајцата заедно ќе созреваат.

Нејзиниот карактер ја прави неверојатно независна. Ова значи дека ќе и биде многу тешко да побара помош колку и да и треба помош. Таа ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за сама да го реши проблемот. Вие всушност треба да не ѝ оставите никаков избор за таа да дозволи да ѝ помогнете. Колку и да не сака да признае, таа ќе ја цени вашата поддршка и ќе ви возврати со неверојатна посветеност и поддршка. Таа понекогаш може да биде екстремно индивидуална, но ја цени и тимската работа.

Таа не сака да живее празен живот. Таа има соништа и цели. Таа сака да има нешто кон коешто ќе се стреми. Не гледа поента во тоа да губи време во нешто во коешто не верува. И баш поради тоа што има цели, таа 100% ќе ве поддржува во остварување на вашите цели.

Таа е... кхм.. прилично темпераментна. Тешко се придвижува, ама кога ќе тргне – оди запри ја. Таа ќе ги каже кога е лута, но никогаш нема да покаже непочитување. Таа не толерира непочитување, затоа не ни пробувајте да си играте со неа. Како и животното бик, не се плаши да ги покаже роговите.

Таа има нежна страна. И покрај сѐ, таа е многу чувствителна и романтична душа и обожава кога е заљубена. Оваа девојка има златно срце, па ако вие се однесувате добро, таа ќе се однесува уште подобро.

Таа не игра игри. Не се обидувајте да играте „топло-ладно“ со неа. Ако ѝ раскинете, толку ќе биде, не се надевајте на смирување.

Нејзината лојалност е ненадминлива. Дури и ако ја имате само како пријателка, тогаш знајте дека имате пријател за живот. Без оглед на тоа дали се гледате секој ден или се немате видено со години, таа ќе биде покрај вас ако ви е потребна помош. Таа никогаш нема да ве осудува, но секогаш ќе биде искрена.

Без оглед на тоа колку пати ќе падне во животот, никогаш нема да остане на дното. Таа не може да биде скршена и ова важи за сите полиња во животот. Таа е бестрашна и има елан и страст за да успее во сѐ што ќе посака. Секогаш ќе се потпира сама на себе.

Да, не е лесно човек да се справува со неа и тешко е да ја задржиш во својот живот. Но, кога ќе ја запознаеш, невозможно е да не ја сакаш.

air max 90 essential sale