Акциска контрола во дискотеки, обложувалници, казина - констатирани низа неправилности

Во текот на изминатата вечер (08.04.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, ноќни клубови, дискотеки, казина и обложувалници на територијата на цела држава.

При контролата, со која беа опфатени 37 угостителски објекти, како и осум обложувалници и казина, од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи биле констатирани неправилности за кои ќе следуваат соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи.