Акција за собирање на кабаст отпад во Чаир

Општина Чаир ги известува граѓаните на Општина Чаир дека до недела во текот на вечерните часови, ЈП Комунална хигиена ќе врши собирање и отстранување на кабаст отпад (стари апарати од бела техника, телевизори, стар мебел и др.).

– Се замолуваат граѓаните – домаќинствата, кабастиот отпад наменет за отфрлање да го оставаат позади поставените контејнери во нивната населба, на начин што кабастиот отпад нема да го попречува движењето на возилата и пешаците и за да може истите ефикасно да се отстранат од страна на оперативните екипи – информираат од општина Чаир.