Акција за собирање кабаст отпад во Бутел

Општина Бутел во соработка со ЈП Комунална хигиена до утре ќе ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад.

Ги информираме граѓаните што имаат кабаст отпад да го изнесат пред своите домови, поточно пред влезните врати на нивните дворови за да можат нашите служби да го товарат и да го одложат во големите контејнери што се поставени на три локации. 

Општинските камиони ќе го собираат кабастиот отпад на: 22, 23 и 24. 04.2019 г. (понеделник, вторник и среда), од 07,00 – 12,00 ч.

Големите контејнери за кабаст отпад се поставени на следниве три локации: 
1.ул. ,,Груица Војвода,, (позади кино Бутел), 
2.На скверот на улиците ,,Хо Ши Мин,, и ,,Рудо,, 
3.На првиот влез во Радишани кај спортската сала ,,Иван Хаџи Николов,,.

Граѓаните што се подалеку од контејнерите нека ја искористат бесплатната услуга на општинските камиони и својот кабаст отпад од големото предвелигденско чистење нека го остават пред своите порти во наведените три дена.