Акција за бришење графити во општина Карпош

Општина Карпош во текот на денот спроведе акција за отстранување графити со навредлива содржина испишани по фасадите на зградите, соопштија од Општината.

Бојосувањето и отстранувањето на графитите ќе продолжи и во наредните денови, велат од Општината и додаваат и тоа на места каде што пораките со недолични содржини најмногу се присутни, а тоа е во населбите Карпош 1, 2, 3 и 4, Тафталиџе 1 и 2, како и во околината на урбаната заедница Владо Тасевски, велат од Општина Карпош.

„Локалната самоуправа ја спроведува оваа акција со цел да се отстранат ‘невкусните’ пораки исцртани низ општината и да се сочува културниот и урбан лик на Карпош. Општина Карпош апелира до сите граѓани на општината да не ја користат креативноста за испишување графити со недолична содржина која може да поттикне верска или меѓуетничка нетрпеливост и која може да ја наруши урбаната култура“, стои во соопштението на Општина Карпош.