Во соопштението на Агенцијата за храна и медиуми се наведува дека забележена е се поинтезивна дива продажба на храна и додатоци во исхраната на интернет, најчесто преку социјалните мрежи. Од АХВ апелираат до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи кога пазарат преку интернет. Зачестена е појавата продажба на непроверени, често и небезбедни производи преку социјалните мрежи, од страна на нерегистрирани/неодобрени оператори. За производите нема гаранција за безбедноста и истите може да бидат и опасни по човековиот живот и здравје.
АХВ ги информира потрошувачите дека на пазарот, преку социјалната мрежа FB (Zeolit MK) нелегално се продава додаток во исхрана Zeo Medic, ZEOLIT KLINOPTILOLIT,MIKRONIZOVAN AKTIVИРAN dijetetski proizvod. Станува збор за додаток во исхраната кој не е одобрен/регистриран од АХВ, за кој нема гаранција за безбедноста.
АХВ ги повикуваат граѓаните пред да решат да купат храна или додатоци во исхраната преку интернет или социјалните мрежи, во Регистрите кои ги води АХВ (https://fva.gov.mk/mk/registri) да проверат дали операторите кои ги нудат ваквите производи се регистрирани, дали здравствените или нутритивните тврдења кои се истакнуваат на производите се одобрени или не, односно дали производите се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. До производителите или трговците кои нудат производи преку интернет и социјалните мрежи, а кои не се регистрирани, апелираме да го легализираат производството, односно да се регистрираат како оператори со храна.