Афричка астрологија: Ова е најточниот хороскоп на светот

Афричката астрологија со која се занимаваат тамошните шамани се одликува со симболи од секојдневниот живот како семејството, претците, природните сили. Шаманите фрлаат коски на земјата, па врз основа на тоа ја предвидуваат иднината.

Се формираат 12 фигури познати како:

04.01-03.02 – Баобаб

04.02 – 05.03 – Сребро

06.03 – 04.04 – Семејство

05.04 – 04.05 – Свет на љубовта

05.05-04.06 – Пазар

05.06 – 04.07 – Претци

05.07 – 04.08 – Судии

05.08 – 03.09 – Автомобил

04.10 – 03.11 – Хоризонт

04.11 – 03.12 – Дете

Баобаб

Родените во овој знак се карактеризираат со искреност, либералност и внимателност. Тие имаат остар ум, но понекогаш запаѓаат во анксиозност на сопствениот ум. Паметни се и чувствителни и уживаат во позициите на моќ и престиж. Таквите луѓе не дозволуваат да им влијае негативноста од другите.

Сребро

Оние кои се родени во овој знак се паметни и интелигентни, но понекогаш се однесуваат како да се лути на луѓето околу нив. Често се и робови на своите навики. Меѓутоа, нивната најсилна страна е во тоа дека се силни поединци кои можат да одолеат на искушенијата кои ги носи животот.

Семејство

Луѓето родени во овој знак обично се топли и љубезни, но често држат растојание од другите луѓе, односно се отвораат само пред оние кои им се блиски. Тие се добри во едно подрачје на животот – без оглед на тоа дали се работи за личниот или професионалниот живот. Можат да ги доведат сите работи во контрола и да бидат успешни.

Свет на љубовта

Луѓето родени во овој знак се особено друштвени и се спријателуваат со сите. Тие се топли и нежни личности, но можат да бидат и малку чудни од другите. Често бегаат од своите проблеми наместо да се спротистават, и тоа може да ги донесе во неволја. Треба да бидат внимателни кому веруваат во животот.

Пазар

Луѓето родени во овој знак често наоѓаат мир и баланс во животот, но и тешкотии и бруталност.  Тие покажуваат неверојатно ниво на дуалност во животот и можат да делуваат лоши и тешки на прв поглед, но се неверојатно меки личности. Тие се љубители на мирот и убавината во животот.

Претци

Овие луѓе може да бидат егоцентрични, а често не се ни свесни за тоа. И не само тоа, тие можат да бидат арогантни и непристојни, ако нивната позитивна енергија не е канализирана на вистинскиот начин. Сепак, можат да бидат многу паметни и смешни, а луѓето често ги гледаат погрешно. Ако припаѓате на овој знак, потрудете се да бидете помеки кон вашата околина.

Судија

Судијата е најкомпактниот знак на афричката астрологија. Родените ов овој знак воопшто не се плашат да се соочат со тешкотиите во животот. Тие не живеат под погрешни претпоставки за тоа што е исправно, а што погрешно, туку живеат само во сегашноста. Го живеат својот живот во целост и тоа онаков каков што самите го избрале.

Автомобил

Овие луѓе поседуваат неверојатна енергија, но можат да бидат многу нестабилни во животот. Би можеле да донесат  импулсивни одлуки, но за пријателите би направиле се што е потребно. Меѓутоа, нивната неверојатна енергија мора да биде добро канализирана и може да се искористи под добри околности.

Патник

Патниците се многу комплицирани личности кои не се разбрани од другите. Ги движи нивната интуција и не се потпираат на никој освен на себеси. Понекогаш се малку осамени, но тоа е со причина што тешко пуштаат луѓе да влезат во нивниот живот. Сакаат да останат верни на себеси, а ќе се здружат со друга личност само ако таа вистински им се допаѓа.

Хоризонт

Ова се многу храбри луѓе. Тие одат против природата и прават тоа што ќе им посака срцето. Не размислуваат два пати за ништо. Малку се ексцентрични, па не се баш идеален избор за животен партнер. Сепак, тие се многу лојални и остануваат покрај своите блиски и сакани засекогаш.

Дете

Овие луѓе не сакаат внимание и се држат повлечено од другите. Не се родени со најголема среќа во животот и тие се свесни за тоа. Меѓутоа, тие се многу ведри личности кои се вредни и трудољубиви и така го градат својот успех. Тие се одлични во професионалниот жовот, а на личниот мораат многу повеќе да работат.

Жито

Луѓето родени во овој знак секогаш се расположени и посветени на нешто. Тие секогаш слават нешто, бидејќи успеале да исполнат некоја од своите цели. Сепак, мораат да ги пуштат во својот живот и другите. Животот не е така лош и треба да научат да им веруваат.