Жителите на Аеродром се згрозени од негрижата на градоначалниците Петре Шилегов и Златко Марин во општина Аеродром.
Тие преку социјалните мрежи го изразија својот гнев и разочараност од негрижата за дрвата во општината, а се поголемата посветеност им посветуваат на градењето згради.
„Многу е полесно да се исечат повеќедецениски дрвја и да се посади зграда и бетон, отколку млади дрвца да преживеат. Нели, #зградоначалник Златко Марин #зградоначалник Петре Шилегов?“, стои во Фејсбук постот на страницата „Министерство за безживотна средина“.