Аеродром ја зајакнува соработката со пензионерите

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателот на Здружението на пензионери „Солидарност ­‒ Аеродром“, Димитрија Богатиноски, денеска потпишаа меморандум за соработка.

„Меморандумот за соработка е во насока на подобрување на условите за живот на пензионерите во Аеродром“, изјави градоначалникот Марин. Тој додаде дека Општината ќе продолжи да ја поддржува оваа категорија граѓани, кои го граделе нашето општество.

Претседателот на Здружението, Димитрија Богатиноски, изрази благодарност што Општина Аеродром има слух за нивните проблеми и изрази убеденост дека во иднина идентификувањето и решавањето на прашањата ќе се одвива со заеднички пристап.

Исто така, со овој меморандум се планира да се подобрат условите за тековно функционирање на Здружението, кое брои 14.000 члена, како и да се обезбеди континуирано информирање на членовите за прашања и настани од културно-забавниот и социјалниот живот.

new nike air max 2019