Аеродром ги добива најубавите детски катчиња во Скопје!

Аеродром ги добива најубавите детски катчиња во Скопје!

-Продолжуваме со инвестициите во забавни и рекреативни содржини за најмладите во општината. Во изминатиот период беше извршена реконструкција и изградба на неколку нови детски игралишта во Реонски центар и Ново Лисиче, а пуштено во употреба е старо-новото детско катче во близина на стара ,,Стела”, информираа деновиве од општина Аеродром. 

- Наскоро, на различни места низ општината дечињата ќе добијат обновени катчиња и забавни содржини изведени според најсовремените стандарди, ветија надлежните.