АЕК ќе анализира дали треба да се доградува антенскиот столб на Водно

Агенцијата за електронски комуникации има рок од 1 месец да направи детаљна анализа за оправданоста на изградбата на антенскиот столб на Водно.

Тоа им е наложено со одлука на Владата донесена на вчерашната седница. Владата побара да се види оправданоста за изградбата на столбот или тие средства да се пренаменат за други потреби на граѓаните, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.