70-годишна скопјанка касната од бездомно куче на една скопска улица

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња во Скопје. 

- На 13.02.2024 во 18.50 часот во Полициската станица Карпош, Л.С.(70) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Чулев“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 13.02.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Драчево, А.М.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.