57-годишник со автомобил прегази пешак во Куманово

Млад кумановец вчера се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил.

- На 23.01.2023 во 19.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од  ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Трст“ во Куманово, патничко моторно возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(57) од Куманово, удрило во пешакот А.М.(25) од Куманово, информира МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.