5000 денари казна за паркирање на место за лица со посебни потреби

Основна задача на Пајак службата е отстранување на возила кои се неправилно паркирани, вклучително и на зелени површини, како и хаварисани возила.

Инаку, за планирање на работата е одговорна и МВР, а Пајак службата има соработка и со лице од Град Скопје. Пајак службата работи во две смени, меѓусмена и повремено трета смена кога има потреба. Шефот на смена прави неделен распоред на возилата, а службено лице од МВР е присутно на лице место при планирањето. Недозволено паркирање на возило до Пајак службата дојавува МВР.

-Пајак службата располага со 8 специјални возила. Согласно Ценовникот, надоместокот што се плаќа за подигнато возило зависи од местото од каде е подигнато – од јавна сообраќајница чини 2500 денари ако се подигне од Пајак, а ако сопственикот се најде на лице место 1500 денари. Ако се подигне возило паркирано на место за лице со посебни потреби се плаќа 3000 денари доплатен билет и 2000 ден за отстранување со пајак, вели Елизабета Атанасова од Секторот за општи и правни работи на ЈП Градски паркинг во емисијата „Утрински брифинг“ .  

-Нашето депо е на ул Никола Карев, кај Транспортен центар. Возилото може да го подигне само сопственикот со покажување лична карта на увид, со претходно платена пајак услуга и обврски кон сообраќајна полиција, вели појаснува таа. 

Таа додава дека секој возач треба да знае дека возилата се отстрануваат ако се неправилно паркирани, а Пајак службата не ги известува сопствениците дека возилото им е подигнато. Службата дејствува на територија на град Скопје и општините.