5 критериуми кои го одредуваат нивото на зрелост кај еден човек

Познатиот српски психијатар, доктор Владе Јеротиќ, во една прилика ги издвоил критериумите по кои се препознава зрелиот човек.

Ова се петте критериуми во психологијата кои го покажуваат степенот на зрелост кај еден човек:

Способност да сака некој друг, а не само себеси.

Способност да ги контролира сопствените нагони и импулси.

Способност да ги поднесува непријатностите, болката и страдањето.

Поседување зрела совест.

Умерена агресивност, без бес или омраза, но и не без преголема плашливост.

Се надеваме дека овие кратки и јасни критериуми ќе ве поттикнат на размислување и самоиспитување.