Верувам дека нашето потекло и околности можеби влијаеле на нас, но ние сме одговорни за она што сме станале.
Верувам дека без оглед на тоа колку ни се добри пријателите, ќе има моменти кога ќе нè повредат и треба да им простиме за тоа.
Верувам дека само затоа што некој не нè сака на начин на кој ние сакаме, не значи дека не нè сака најмногу што може.
Верувам дека искреното пријателство продолжува дури и кога постојан големи далечини. Истото важи и за вистинската љубов.
Верувам дека треба време и упорност за да станеме личноста која сакаме да бидеме.
Верувам дека со драгите луѓе треба секогаш да се збогуваме со љубезни зборови. Можеби тоа ќе биде последен пат што ги гледаме.
Верувам дека треба да продолжиш и откако ќе помислиш дека повеќе не можеш да издржиш.
Верувам дека сме одговорни за тоа што го правиме без оглед на тоа како се чувствуваме.
Верувам дека или ти го контролираш твојот страв или тој те контролира тебе.
Верувам дека храбри се оние луѓе кои го прават она што треба да се направи, без оглед на последиците.
Верувам дека со моите пријатели можеме најдобро да се забавуваме и без да правиме ништо.
Верувам дека понекогаш токму оние луѓе од кои сте очекувале удар ќе бидат оние кои ќе ви помогнат да станете.
Верувам дека кога сме лути имаме право да бидеме лути, но не и да бидеме сурови.
Верувам дека зрелоста има повеќе врска со искуствата кои сме ги имале, отколку со бројот на родендени кои сме ги прославиле.
Верувам дека не е секогаш доволно другите да ни простат. Понекогаш треба самите да си простиме на себеси.
Верувам дека без оглед на тоа колку ти е скршено срцето, светот нема да запре поради твојата тага.
Верувам дека поради тоа што двајца се караат не значи дека не се сакаат. А само затоа што не се караат, не значи дека се сакаат.
Верувам дека не треба да бидеш упорен за да откриеш тајна. Таа засекогаш може да ти го промени животот.
Верувам дека двајца истовремено може да гледаат во еден правец, а да видат нешто сосема различно.
Верувам дека дури и кога мислиш дека немаш што да му понудиш на пријателот кој бара помош, сепак треба да пронајдеш сила и начин за да му помогнеш.
Верувам дека дипломите на ѕидот не ја покажуваат вредноста на човекот.
Верувам дека љубовта е најмоќно оружје.
Верувам дека животот е поскапоцен отколку што некогаш можат да бидат парите.