30 нови случаи на ковид-19, починале 16 лица

Од 1658 направени тестови во изминатото деноноќие, регистрирани се 30 новозаразени лица. 

Како што објави Министерството за здравство на Твитер, 359 лица се оздравени, но има починати вкупно 16 пациенти кои биле позитивни на коронавирусот. 

Бројот на активни случаи, заклучно со денешната статистика изнесува 5.913 лица. 

Регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 14, Куманово – 4, Тетово и Кочани – по 2, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип - по 1.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од:
Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, Велес и Кичево – по 12, Кочани, Гостивар и Кавадарци – по 11, Ресен – 10, Штип – 9, Виница, Прилеп и Свети Николе – по 6, Струмица –5, Неготино и Берово – по 4, Радовиш и Гевгелија – по 3, Крива Паланка и Дебар – по 2, Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија - по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61г,62г,69г,72г, 75г,80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г,82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.

Направени се 1.658 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Скопје-24, ЦЈЗ Битола-51, ЦЈЗ Прилеп-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, МАНУ-37, Жан Митрев (Филип Втори)-167, Авицена-208, Биотек-676, Систина-184, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-48, Плодност–56, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 134.

Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.