20.000 денари од општина Гази Баба за првото родено бебе

Првото родено дете во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско.

За таа цел, денес градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја посети клиниката за Гинекологија и акушерство каде што ја посети мајката.

- Се роди првото бебе во општина Гази Баба. Првото бебе родено во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско! Утрово на клиниката за Гинекологија и акушерство ја посетив мајката Џелјан Сејди од Страчинци која роди четврто женско дете. Општина Гази Баба на мајката која го роди првото бебе во 2024 година и доделува еднократна парична награда во висина од 20.000 денари. Посакувам во новата година да се родат многу дечиња, а општината ќе биде тука да создава услови за безгрижно детство. – напиша Стефковски на својот фејсбук профил.