200 тони сол за чистење на снегот од јавните површини во општина Аеродром

Зимските служби на Општина Аеродром од рано утрово се на терен и го чистат снегот на улиците, тротоарите и другите површини под надлежност на Општината.

-Уште при првите врнежи, веднаш на располагање ги ставивме сопствените возила на Општина Аеродром за чистење снег, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол. Општината се грижи за секој еден жител, за непречено движење на пешаците, како и за безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови, а воедно ги повикуваме и граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за уште поголема безбедност на сите, информираше градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.