Кога последен пат сте имале значаен разговор со некоја личност? Некои теми се важни за да оствариме подлабока поврзаност, но и да дознаеме повеќе за другата личност.

Социјалниот психолог Артур Арон посочува дека двојките кои разговараат за интересни прашања со својот партнер имаат подлабока врска, за разлика од оние кои преферираат муабети поврзани само за времето, поминатиот ден или пак другите луѓе.

Ова се 20 прашања кои ќе ви помогнат да се зближите со другите.

  1. Што ти недостасува од детството?
  2. Ако некој ти даде доволно пари за да започнеш бизнис, каков бизнис би било тоа?
  3. Ако можеш да се вратиш назад во времето, каков совет би си дал/а себеси?
  4. Што е нешто што сакаш да го направиш оваа година, а не си го направил/а досега?
  5. Кои се трите нешта за кои си благодарен во животот?
  6. Кој е твојот омилен спомен од младоста?
  7. Што ти носи среќа?
  8. Како се поврзуваш со другите луѓе? Што цениш кај нив?
  9. Што го смени твојот живот досега?
  10. Како изгледа твојот идеален викенд?
  11. Како изгледа твоето идеално патување?
  12. Кој е најдобриот совет кој си го добил/а досега?
  13. Кому веруваш највеќе?
  14. Која  е твојата омилена семејна традиција?
  15. Ако можеш да имаш временска машина, во кој временски период би сакал/а да отидеш?
  16. Кое е твоето мото?
  17. Што цениш највеќе во пријателствата?
  18. Која е твојата животна приказна?
  19. Која е твојата најголема цел во животот?
  20. Ако не би живеел/а тука, каде би се отселил/а?