18 прекршување на забраната за движење, 441 санкции за неносење маска

Од 23.00 часот (11.05.2021) до 05.00 часот (12.05.2021) констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 441 прекршок.  

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.