105 инспектори во одбрана на Пауновски

Вкупно 105 инспектори се потпишаа на петицијата против разрешување на директорот Пауновски, дознава Алсат. 

На петицијата која е потпишана од 105 лица која што ја објави телевизија Алсат, од профилите што работат во оваа институција,  има инспектори со факултет за архитектура, филозофија, физичко образование итн.

Заев во вчерашната изјава напомена дека ќе ги прими инспекторите, но останува на ставот директорот на инспекторатот да биде разрешен.

Денеска премиерот оствари средба со овие инспектори, кои застанаа во одбрана на Пауновски.