Овој текст има за цел да ве инспирира да го промените својот живот, или пак барем само да ве натера да се запрашате како живеете. Ова се неколку лекции кои ќе му дадат поинаква смисла на вашиот живот.

Престанете да барате изговори

Постојат многу можности во животот да го правите тоа што го сакате, и постои само вашата неодлучност да не ги искористите таквите можности. Голем дел од луѓето постојано бараат изговори за нешто што се плашат да го направат, а таквите изговори се милион. Она што велите дека не можете да го направите други луѓе веќе го прават во еден момент. Разликата е во тоа што тие не дозволиле нивниот страв и изговори, или пак коментари од другите луѓе да ги спречат да го направат тоа што го сакаат.

Тоа што е внатре, излегува однадвор

Кога ќе исцедите портокал, излегува сок, односно она што е одвнатре. Кога некој ќе ве притисне, од вас излегува тоа што го имате во себе.

Дали некогаш сте забележале како луѓето реагираат кога ќе кажат некоја пцовка. Голем дел од нив велат: Ми излета. Тоа не е случајност, тоа излетува од нас бидејќи го чуваме во себе. Тие зборови мораат да бидат во нас, за да можат да излезат од нас.

Тоа што го правиме во животот и како се поставуваме кон другите луѓе не се случајност,т уку тие се последица на тоа што е во вас. Морате да имате позитивен став и енергија одвнатре, за да можете истата таква енергија да ја ширите околу себе.

Нашата перцепција е наша реалност

Луѓето кои сакаат живеат во сакан свет. Непријателски настроените луѓе живеат во непријателски свет. Но, зарем не е тоа истиот свет за сите нас?

Успешните луѓе живеат во успешен свет, а неуспешните во неуспешен свет. Разликата е само во перцепцијата, односно во тоа како го гледаме светот околу нас. Дали светот во кој живеете е добар или лош? Тоа зависи од вашата перцепција. Тоа се потврдува со реченицата: кога ќе го промените начинот на кој ги набљудувате нештата, нештата околу вас ќе се променат.

Намерите и делата креираат реалност

Нашите намери и дела ја креираат нашата реалност.

Навистина, не е толку важно што велиме дека ќе направиме туку што ќе направиме околу тоа. Имате ли големи планови? Сакате ли да ги реализирате? Нивната имплементација е вашата реалност. И, не само тоа. Колку пати сте помислиле дека треба да направите нешто за вашите блиски, но не сте го направиле тоа? Вашите мисли и планови не ја креираат вашата реалност, бидејќи тие се само во вашата глава. Тоа што вистински сте го направиле, токму тоа е вашата реалност.