Лао Цу: Животни вистини кои треба да ги знаеме

Лао Цу е еден од најпознатите кинески филозофи, а од него може да научиме многу важни животни лекции. Тој е централна фигура во Кина со векови, а има и причина зошто е така.

Веќе ги имате одговорите на сите прашања

Во средиштето на вашето битие лежи одговорот на сите прашања: знаете кои сте и што сакате. Да ги познавате другите е знак на интелигенција, да се познавате себеси е знак на вистинска мудрост. Владеењето со другите е сила, владеењето со себе е вистинска моќ. Кога ќе се ослободиме од тоа што сме, стануваме тоа што треба да бидеме.

Кога ќе се препуштите, тогаш ќе се ослободите

Ако сакате да станете целина, дозволете си себеси да бидете нецелосни, непотполни. Ако сакате да бидете исправни, дозволете си да бидете погрешни. Ако сакате да бидете исполнети, дозволете си да бидете празни.

Егото никогаш нема да ви донесе вистинска среќа

Оној кој се дефинира себеси, никогаш нема да знае кој е всушност.

Оној кој има моќ над другите, нема моќ над себе.

Оној кој се обидува да заблеска, ја пригушува својата светлина.

Злото умира кога го игнорирате

Не давајте му на злото нешто што би можело да му даде сила. Така тоа ќе исчезне само од себе.

Добрината секогаш победува. Злото секогаш губи.

Од добрите зборови, доаѓа доверба. Од добрите мисли, доаѓа добрината. Од добрината, доаѓа љубовта.

Бидете тоа што сте.

Ако сакате луѓето да ви одобрат какви треба да бидете, вие сте нивни заробеник. Ако сте задоволни сами со себе, така ќе ја стекнете нивната почит.