Три отровни животни ситуации кои треба да ги избегнувате по секоја цена!

Постојат многу отровни ситуации во кои можеме да заглавиме, а некои се поотровни од другите. Најлошите сценарија можат да ни ја убијат самодовербата, да ни ја уништат сликата која ја имаме за себе и ако дозволиме да се развиваат, ќе предизвикаат да го живееме животот без да си го спознаеме нашиот вистински потенцијал и ќе станеме само сенка од она што некогаш сме биле.

Ако некогаш се најдете во некоја од овие ситуации, морате да направите сѐ што е во ваша моќ за да се извлечете од нив. Ако не го направите тоа, ќе ја изгубите волјата за живот и сите вашите амбиции.

Ако сте биле доволно среќни да не бидете заглавени во отровна ситуација, треба да ги препознавате овие ситуации и да не дозволите да паднете во нив. Ако моментално се наоѓате во таква ситуација, заминете и никогаш не погледнувајте назад.

Живеете со некој кој секој ден ве понижува и омаловажува

Ова најверојатно е најотровна ситуација, да живеете со некој кој ве третира како ѓубре, бидејќи тоа полека, но сигурно ќе ви ја уништи самодеовербата, сѐ додека не остане ништо од вас. Постојат многу начини на кои ова може да се случи. Ако ви се случи ова, треба да си заминете што поскоро. Понекогаш ова може да биде тешко, но не е и невозможно.

Како и да е, повеќето работи се во нашата глава. Кога ќе ја донесете одлуката, работите некако самите се решаваат. Не се колебајте да си отидете од ситуација како оваа, само затоа што не знаете што понатаму. Ние имаме многу извори во нас и често не ги ни забележуваме.

Работите со луѓе кои ја негираат и отфрлаат вашата вредност

Без оглед на тоа дали се работи за вашите шефови или колеги, уште една лоша и честа отворна ситуација е да работите со луѓе кои ве третираат да не вредите. Канцеларијата е место каде што способноста секојдневно е тестирана и резултатите се важни, па затоа, соочувањето со отровна околина на работното место во самата фирма најверојатно сигурно ќе ви се случи во еден период од вашиот живот. За жал, голем дел од луѓето имаат проблем со однесувањето, па кога нешто нема да излезе според замисленото, своите фрустрации ги исфрлаат на своите вработени и колеги.

Ако работите во фирма каде еден човек или повеќе луѓе ве третираат како да сте безвредни, треба да си одите што поскоро. Не е важно што е потребно, направете план и заминете си. Ако тие ве омаловажуваат, наскоро и ќе поверуваат во тоа.

Имате пријатели кои не веруваат во вас

Како што растеме и еволуираме, учиме да ги одбираме пријателите врз основа на карактерот или заедничките интереси. Како и да е, додека растеме, често стануваме пријатели со некого поради околностите. Но, често се случува овие луѓе подоцна да не ни даваат поддршка, особено кога напорно работиме да се ги оствариме целите.

Многу често се случува човек да доживее токму оние во кои највеќе верувал да го буцкаат да се откаже од неговите соништа. Ако забележите дека нешто вакво почнува да се случува, прекинете ја ситуацијата уште од самиот почеток, тоа е доказ дека тие луѓе никогаш и не ви биле пријатели, туку се дружеле со вас само да им помине време.

Доволно ценете се себеси, вашиот живот и вашиот потенцијал за да ги избегнете овие ситуации. Вие ја имате способноста да направите нешто прекрасно со вашиот живот, па затоа немојте залудно да го трошите.