Еј животе, доста беше глупирање, јас сега сум сериозна жена, а после сѐ, од тебе заслужив неколку работи:
Петта брзина за сите промени, големи и мали
Да ми го вратиш сето она што претходните децении ми го одземаа
Да бидам сакана
Да ми го чуваш моето злато кое го растев и сакав
Да го пратам надвор да студира
Да бидам сакана.
Преку насмевки да ми ги истераш сите брчки околу очите.
Да бидам поубава на 45, отколку на 20. Не за ботоксот, да за среќата.
Да бидеш поблаг со мене, затоа што немам многу трпение па можам да ти вратам за сите глупости низ кои ме тераше да поминувам.
Да ме пуштиш да одам на патувањето на мојот живот, низ пустините на Австралија или џунглите во Амазон, да се качам на најголемиот врв на моите соништа и да ги допрам ѕвездите.
Да пијам вино на улиците на Порто додека слушам фадо.
Исто како и во песната, да се потсетам „што беше тоа љубов“.
Да се држиме за раце како деца, ние стари дртала.
Уште долго да ме служат колковите и колената.
Секогаш да имам пари за нова чанта и авионска карта.
Да ги преживувам сите лекарски прегледи и мамографот со насмевка
Да работам за да живеам, а не да живеам за да работам.
Да бидам сакана.
Да не ме стегаат новите чевли, туку да ме носат на добри места.
Повеќе да се дружиме.
Да не ме напушти смислата за хумор.
Секогаш да умеам да се шегувам на мојата мака.
Да сум помалку саркастична, а повеќе сакана.
Да бидам сакана.
Да бидам сакана.
Да бидам сакана.
Да бидам сакана.
Ништо да не нѐ боли.
Да не станам веган, да не престанам да се смеам на сите нови глупави трендови.
Да дојде оној кој знае што значи да се биде добар маж за време на бура, да каже: „Остави, јас ќе...“, дури и кога знае дека умеам подобро и поради тоа да му бидам верна до гроб.
Да бидам сакана.
И да сакам онака како што некогаш сум сакала.
Па, здраво четириесетти, слободно влезете во мојот живот! И ве молам, бидете подобри од претходните години.