Четириесетти, добре дојдовте и бидете подобри од сите претходни години!

Животе, доста беше глупирање, јас сега сум сериозна жена, а после сѐ, од тебе заслужив неколку работи:

Петта брзина за сите промени – големи и мали.

Да ми ги вратиш сите оние работи кои претходните децении ми ги одземаа.

Да бидам сакана.

Да ми го чуваш ова мое мало богатство кое со голи раце го израснав и воспитав.

Да го пратам во Лондон на факултет.

Да бидам сакана.

Со насмевка да ми ги избркаш сите овие брчки околу очи

Да бидам поубава на 45 години отколку што бев на 20. НЕ за ботокс, ДА за среќа.

Да бидеш поблаг со мене, затоа што повеќе и немам баш трпение, па можам и да ти вратам за сите глупости.

Да ме пуштиш да одам на патувањето на мојот живот, низ пустините на Австралија, шумите на Амазон, да се качам на највисоките врвови на моите соништа и да ги допрам ѕвездите.

Да пијам вино на улиците на Порто, а некој да ми шепоти слатки зборови.

Да се потсетам на тоа што беше љубов.

Ние двајцата старци да се држиме заљубено за рака, како некои тинејџери.

Уште долго да ме држат колковите и колената.

Секогаш да имам некој денар за нова ташна и авионска карта.

Да работам за да живеам, а не да живеам за да работам.

Да го преживувам секој ултразвук и мамограф со насмевка.

Да бидам сакана.

Да не ме стегаат новите чевли туку да ме однесат на добри места.

Да се дружиме повеќе.

Да не ја изгубам смислата за хумор.

Секогаш да умеам да се смејам на својата мака.

Да бидам помалку саркастична, а повеќе сакана.

Да бидам сакана.

Да бидам сакана.

Да бидам сакана.

Ништо да не нѐ боли.

Да не станам веган, нетолерантна на глутен и такви глупости.

Да бидам сакана.

Да сакам баш онака како што некогаш знаев.

Па, четириесетти – добре дојдовте! Бидете подобри од сите претходни!