10 причини поради кои треба да им се восхитуваме на жените во своите 40-ти години!

Луѓето често велат дека целата забава завршува кога ќе наполниме 40 години, а особено ова важело за жените кои влегуваат во менопауза. 40 е број кој за многумина го означува патот за надолу, а во суштина ова е огромна заблуда.

Без сомнение, менопаузата е период во животот на жената и носи одредени непријатности како што се промени на расположение, потење и качување килажа. Но, 40-тите не се важни само поради тоа – тие носат со себе и многу возбудливи работи.

1 . Тие стануваат поодлучни

По многуте години поминати со товарот на несигурност и неодлучност, конечно доаѓа време кога тие точно дознаваат што сакаат. Развиваат храброст да направат чекор надвор од својата комфорна зона во која сите и кажуваат што да прави.

Секоја жена го искусила ова со својата фамилија, пријатели, колеги и партнери кои постојано и давале насоки кои понекогаш ја гушат. Во 40-тите години тие веќе цврсто застануваат зад тоа дека ова е нивен живот и имаат право да го живеат како сакаат. И затоа во овие години тие ја ценат својата ладна глава и контролата над својот живот.

 

2. Зрелоста ги учи да не трчаат по идеалното

Во овие години, жената веќе добро знае дека не постои идеален живот. Знае дека тревата секогаш изгледа дека е позелена кај соседот, но дека во суштина тоа не е така и престанува да се споредува со другите затоа што знае дека сите имаат свои проблеми со кои мораат да живеат.

Колку е прекрасно што тие работи повеќе не допираат до нив. Посакуваат некој одамна да им го покажел тоа. Повеќе не се прашуваат: „Што ако..“. Сега повеќе се смејат, а помалку се жалат. Повеќе не им пречат брчките настанате од смеење, затоа што се презафатени со среќата која ја создале.

 

3. Поздрави се и посамосвесни

Многу жени стануваат поубави со годините. Тоа е затоа што повеќе не мора да ги воспитуваат децата и да чистат по дома. Па затоа и почнуваат повеќе да се грижат за своето здравје.

Секоја жена сака да изгледа како да има дваесет години и тоа ја охрабрува повеќе да се грижи за здравјето и убавината. Повеќе вежба, поздраво јаде и подобро спие. Благодарејќи на тоа – изгледаат прекрасно.

 

4. Помалку работат

Со годините ја откриваме убавината на животот. Па така жената во своите 40-ти сфаќа дека повеќе нема смисла да останува подоцна на работа за да заработи повеќе пари и дека не и е потребно тоа за да пополни празнина. Оние жени кои веќе ги одгледале децата, сега се поослободени од своите обврски.

Повеќе го ценат своето време, имаат повеќе време и се грижат самите за себе. Си даваат простор и си го трошат на себе. Сфаќаат дека е важно да се работи според потребите, а не за да се наполни сметката во банка.

 

5. Имаат повеќе самодоверба

Ова е време во кое жените престануваат да се грижат за тоа што мислат другите. Не чувствуваат нервоза ако се поинаку облечени, затоа што е важно да се забавуваат.

Слободни се исто како што биле и кога биле тинејџерки, со тоа што сега ги сакаат сите моменти во животот. Ова однесување е многу добро за нив, а самодовербата расте до врв. Самите на себе си даваат вредност, не се срамат да зборат со некого или да го прашаат нешто.

 

6. Ја развиваат својата уникатност

Смисла за мода, говор на тело, манири – се развиваат во личноста која секогаш сакале да бидат. Немаат потреба никого да имитираат. Нивниот живот е поинаков од другите и си ги знаат своите улоги.

Од ден на ден живеат на свој начин. Се чувствуваат моќно, а тоа е подобро од кое било чувство. Поеќето жени во овие години имаат свој дом, семејство, работа и уште многу други работи. Времето кое го поминале градејќи го својот живот придонело да се развијат во уникатна личност.

 

7. Емотивно се постабилни

Таа вртелешка од разни чувства не постои повеќе. Постабилни се и не се вознемируваат околу секоја ситница.

Сфаќаат дека не е крај на светот ако нешто се случи. Ништо не е вечно и промените се зад аголот. Сфаќаат дека работите можеби не може да ги контролираш, но не значи и дека нема да може да се избориш за контрола. А и во најлош случај, се ќе заврши добро.

Она што порано ги терало на плачење, сега ги тера на смеа. Чуда се случуваат во овие години.

 

8. Сексот не е потреба, туку уживање

Повеќе не ја чувствуваат очајната потреба за секс со партнерот. Не го прават тоа поради обврска, туку затоа што навистина уживаат во тоа.

Жените во своите 40-ти години уживаат во физичкиот живот на еден поинаков начин. Го прават тоа само ако сакаат и ако им е удобно.

 

9. Имаат поголема заштеда

Не купуваат импулсивно само затоа што тоа другите го прават. Штедат затоа што знаат дека тоа ќе им помогне подоцна. Не купуваат нешто ако не им е потребно.

 

10. Повторно стануваат палави и несериозни

И за крај: Многу жени повторно стануваат палави и несериозни затоа што немаат повеќе обврски и знаат дека стресот и озбилноста нема да им помогнат, туку само ќе им предизвикаат нови брчки.

 

new nike air max 2019