Во Скопје: Почина телохранителот на Хашим Тачи - Семејството се сомнева на убиство и бара истрага

Во понеделникот во болница во Скопје починал Илир Ќалапеку, телохранителот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи. СПорец она што е соопштено тој починал од срцев удар, но членовите на неговото семејство се сомневаат дека неговата смрт можеби дошла од човечка рака, објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Членовите на неговото семејство го пријавиле случајот и во косовската полиција.

Телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина, бидејќи, како што пренесуваат косовските медиуми, членовите на семејството на Ќалапеку побарале да се изврши обдукцијата. Медиумите дознаваат дека неговиот брат Ганиу ги пријавил овие сомнежи во полиција.

Тој изјавил дека не се сомнева во болницата во Скопје, но сака да ги знае точните причини поради кои дошло до срцев удар.

– Ганиу тврди дека неговиот брат претходно немал здравствени проблеми, па затоа се сомнева дека тоа би можело да биде од човечка рака“, изјавил за косовските медиуми извор близок до семејството.