Во Македонија има полицајци повеќе од потребното, а ниту еден кога ти треба, вели професорката Јованов

И професорката Тамара Јованов со критика до полицијата која не успеа да ја заштити жртвата на уште еден фемицид во земјава. 

Во Македонија има полицајци повеќе од потребното, а ниту еден кога ти треба, порача таа во својата фејсбук објава. 

-Жената пријавила малтретирање, уцени и закани по живот.

Полицијата не реагира.

Психопатот ја убива.

Не е прв пат!

Ова е стандардна појава кај нас.

Кој е крив?

Тие што земаат плата секој месец за заштита на населението, а не си ја вршат работата.

При обид за грабеж кај моите и пријавување во полиција, одоговорот беше - ако нема штета, џабе пријавувате.

Логиката е дека крадецот може слободно да шета, додека да најде начин да направи штета.

Исто и со убијците!

Во Македонија има полицајци повеќе од потребното, а ниту еден кога ти треба!!!

И ова е своевиден криминал.

На нас е да си го уредиме општеството - никој друг нема тоа да го стори за нас.

Напротив!