Кога мрзеливо ќе преведеш добиваш квазимодо од образование - професократа Јованов со реакција

Коментирајќи го прирачникот од програмата за образование кој предизвика бурни реакции во јавноста професорката од штипскиот универзитет Тамара Јованов вели дека теми кои се сензитивни за целните групи во општеството, треба да бидат третирани со особена внимателност и методи кои се соодветни на степенот на сензитивност, а не со шега, потсмев или претерување.

Ова е нејзиниот став на темава кој го објави на својот фејсбук профил. 

- Кога материјал наменет за училишта во Америка, мрзеливо ќе го преведеш за примена во училишта во Македонија (најверојатно како резултат на некое проектче), добиваш квазимодо од образование, потсмев, осуда и губење доверба во самите институции (не дека ја заслужуваат воопшто).

Се' додека не се свестиме за контекстот, условите, целните групи и нивниот светоглед, никогаш нема да најдеме соодветни методи да ги учиме младите за животот и неговите комплексности.

Екстремите почесто даваат негативен ефект, отколку посакуван резултат.

Теми кои се сензитивни за целните групи во општеството, треба да бидат третирани со особена внимателност и методи кои се соодветни на степенот на сензитивност, а не со шега, потсмев или претерување.

Во спротивно, има само штета на сите страни.

Дали треба да говориме за различни сексуални определби?

Секако, но разумно и без претерувања (индоктринација)!

Дали треба да говориме за транс лица?

Секако, но разумно и без претерувања (индоктринација)!

Дали треба да говориме за родова идеологија без граници, која вклучува деца и мачиња и кучиња?

Апсолутно не!

Таму може да се говори за дијагнози, на пример.

Не може се' од Америка, туку така да се имплементира во целиот свет!

И таквите обиди најчесто ќе се неуспешни, со сериозни последици.