Не е само „Онкологија“ - Менталните болести „косат и старо и младо“ во земјава, системот потфрла

Не е само „Онкологија“ – е најголемата мака на македонските пациенти.

По случајот со злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија и радиологија во Скопје кој откри низа пропусти во работењето, а главниот товар е на грбот на пациентите и нивните блиски, се покренува прашањето како функционира здравствениот систем во други сектори.

Незадоволството кај пациентите е повеќе од евидентно. Едни од оние кои се жалат, со право, се и лицата со психички проблеми.

Иако повеќе меѓународни истражувања покажуваат дека Македонците полека, но сигурно стануваат депресивна нација, се чини, како да отсуствува алармот за поголема и системска грижа за оваа категорија на пациенти. Повеќе од половина од младите во Македонија се соочуваат со стрес и депресија, имаат и самоубиствени мисли

И самите пацинети се жалат дека немаат доверба да обратат на државно за помош, а оние кои се приморани тоа да го прават не секогаш имаат позитивно искуство.

36-годишна скопјанка вели дека надежта и е само во приватното здравство. Таа ни го сподели своето искуство за борбата со депресијата и анкциозноста.

- Жално е што кога стојам во ред во аптека, тројца од четворица пред мене купуваат „хелекс“, „дијазепам“, „лексилиум“, но тоа е. Јас на почетокот се обратив во државно, побарав психолог, психијатар, а набрзина завршив на антидепресиви. Очигледно тоа им е најлесно, дај им лекови на пациентите кои имаа низа нус појави и толку, раскажува таа.

Вели дека ги користела лековите со месеци, а потоа станала зависна од нив.

- Лекарот само ми велеше „ако не ти е добро продолжи со лековите и не си умислувај“. Сакав да ги откажам, но не ми објасни како. Се едуцирав преку фотуми на интернет каде навистина има луѓе кои добронамерно споделуваат искуства за да се надмине оваа криза. Терапијата со антидепресиви треба да се намалува постепено, што не ми беше кажано од лекари, па така мака мачев со недели, бев без сон, не функционирав дење, споделува за своето искуство оваа жена.

Вели дека на крајот одлучила да се јави на приватно, каде еден преглед чини околу 2.000 денари.

- Така се спасив. Си платив, а цел живот плаќам здравствено осигурнување. Зборот ми е среќа е да се наиде на добар доктор од оваа област, а јас очигледно ја немав среќата, а морав да се извадам од кризата. Сега сум добро, порача таа.

Со слични проблеми се соочуваат и голем број други луѓе.

Родителите кои бараат спас за своите деца во однос на психичките проблеми велат дека често пати се соочуваат со некоректен и непрофесионален однос од страна на стручните лица.

- Верувајте маките ги решаваме на интеренет форуми и со распрашување кај други мајки. Отидов поради ноќно мокрење на моето 5-годишно дете, добив одговор токму од доктор дека е нормално и дека многу деца тоа го прават, споделува една мајка која вели дека не само со мали деца, родителите имаат проблеми и со деца во адолесценција, со зависности, со сериозни проблеми за кои нема соодветен однос од лекарот, камо ли третман, медицински совет, препорака.

- Во однос на посеризоните психички состојби ситуацијата е уште поболна од аспект што блиските на овие пациенти велат дека гледаат како будвално се мачат, а наидуваат на обвинувања дека „се луди“.

 -Само семејствата знаат низ што поминуваат. Агонија, тоа е вистинска агонија. Не дај Боже да треба лието да биде сместено во Бардовци...Се изживуваат кон зависните, наместо да ги извадат од калата, им даваат силни терапии за спиење, се коментира на социјалните мрежи.

Во прилог на оваа реалност во земјава, говори и следниов твит.

- Сакав целава мака да ја искажам јавно и да дојде до поголема маса на луѓе. Не е само Онкологија, во оваа држава и здравство сакам да сте запознаени како се оставени сами на себе пациентите кои страдаат од психичка болест, констатира еден твитерџија.