Вистинска “пролет“ не чека од наредна недела, температури до 20 степени

Од наредната недела не чека необично топло време за овој период. Од прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи ( УХМР) прогнозираат вистинска пролет со температури до 20 степени.

Според УХМР утре ќе биде студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје претежно сончево и тивко.