Најладно во Берово -11, најтопло на Попова Шапка -1 степен

Денеска најниската температура била измерена во Берово -11 степени па следуваат -9 Демир Капија, -8 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Струмица, Гевгелија, -7 Штип, Кавадарци, -6 Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Крива Паланка, -5 Претор, Дебар, Куманово, -4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Виница, Дојран, -2 Крушево, -1 Попова Шапка се вели во соопштението на УХМР.

Висината на снежната покривка во 7 часот измерена во сантиметри изнесува 11 во Маврови Анови, 4 Попова Шапка, 1 Тополчани.

Ваквото суво и студено време се очекува да продолжи и во наредните денови каде температурите ќе се искачат до 18 степени.