Во Берово најладно, во Охрид најтопло

Денес во 7 часот во Берово се измерени -9 степени, во Скопје-Петровец – 7, во Штип, Струмица, Демир Капија, Велес и Куманово – 6, а – 5 во Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Четири степени под нулата се регистрирани во Битола и Тетово, -3 Прилеп, -2 Виница и Дебар, -1 Дојран, Крушево, Маврови Анови и Претор, а 1 степен во Охрид, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На Попова Шапка има наврнатно снег со дебелина од 5 сантиметри.

Од УХМР соопштуваат дека во текот на ноќта времето беше студено особено во источните делови од земјата додека од запад имаме умерена променлива облачност. Утринава во централните делови на Македонија е претежно облачно, додека на повисоките места температурата е над нулата и дува претежно умерен југозападен ветер.